Кога виделе децата дека пожарот им се приближува и дека нема да преживеат, тие им упатиле последни пораки на своите најмили.
Најмалку 64 лучности загинаа во пожарот кои се случи вчера во трговскиот центар Зимска вишна во рускиот град Кемерово. Се претпоставува дека од 64 настрадани дури 41 се деца.
Десетина деца и понатака се водат како исчезнати, а родителите стравуваат од најлошото. На социјалните мрежи молат за информации од нивните најмили.
Снимките од почетокот на трагедијата покажуваат како родителите во паника ги бараат своите деца,а во позадина се слушаат викотници “оган, оган”! Луѓето не биле во можност да побегнат низ единствената протвпожарна врата која била заклучена.
Пораки од децата кои живи изгореле:
-Кажи и на целата фамилија дека ја сакам, кажи и на мама дека ја сакам-рекла Викторија на својата тетка, а потоа разговорот се прекинал. Тетката кажува како им започнал распустот и цело одделение биле во кино.
-Не можам да излезам надвор, не можам да дишам- рекла една од девојчињата. Нејзината тетка Евгенија го раскажува ова.
-Седев на маса спроти игротеката и се се случуваше пред моите очи. Секоја секунда оганот беше се поголем,а цела просторија се исполни со дим. Истрчав да ги пронајдам децата, кога бевме заедно сите ми олесна. Големо чудо беше што преживеавме- раскажува Јулија.
Игор заедно со својата помала сестра биле во кино кога некој влегол и извикал “пожар“.
-Ја грабнав сестра ми и извлеков надвор. Димот беше насекаде околу нас, ништо не гледав. Маса од луѓе се туркаа за да излезат надвор што побрзо.
Еден од обезбедувањето раскажува како луѓето паничеле, а противпожарниот аларм престанал.
-Немаше предупредување, алармот не работеше, немаше ни вода. Луѓето врискаа и трчаа по ходниците, а јас успеав да спасам што повеќе деца. Успеав да спасам 10, 15 деца.
Пожарот започна во собата со трамболини, кога едно од децата со запалка го запалил сунѓерот.
Во Кемеровската област ќе се утврди тридневна жалост