Е.Б.(40) од Кавадарци е повреден откако со автомобил „Југо” излетал од патот и паднал во реката.
Несреќата, како што информираат од полицијата, се случила вчера во 20:30 часот на улица „Страшо Пинџур“ во село Ваташа, кавадаречко.
-Со повреди се здобил возачот, на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци- информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кавадарци.