Хроника 13. март 2020. / 12:57

Камион удрил во дете со велосипед

Камион удрил во дете со велосипед

Сообраќајна несреќа во која е повреден малолетник се случила вчера во 15.20 часот на крстосницата од ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„9“ во с.Мирковци.

Од МВР информираат дека товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(57) од Велес, удрило во велосипед управуван од 15-годишен малолетник од Скопје.

Во незгодата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош – велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.