Хроника 24. октомври 2019. / 15:37

Каменуван воз кај надвозникот кај Шуто Оризари

Каменуван воз кај надвозникот кај Шуто Оризари

Вчера напладне било пријавено дека во правец од железничката станица Скопје Север кон железничката станица Ѓорче Петров, кај надвозникот кај населбата Шуто Оризари, неколку лица фрлале со камења кон воз кој сообраќал на релација Скопје – Кичево.

МВР соопшти дека нема повредени лица и се работи на расчистување на случајот.