Хроника 20. јуни 2019. / 12:01

Камчев не се појави на суд да сведочи против Мијалков

Камчев не се појави на суд да сведочи против Мијалков

Бизнисменот Орце Камчев, кој лично ја примил судската покана да сведочи на денешното рочиште за „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошкоски, не се појави во судницата.

– Сведокот Јордан Камчев е уредно повикан, а не го оправдал своето отсуство. Барам за следното рочиште да биде стражарно приведен. – рече обвинителот од СЈО Љубомир Лапе, пренесе СДК.МК.

Судијката Александра Ристеска нареди Камчев за наредното судење на 5 јули да биде приведен со полиција.

Од друга страна, новинарката Оливера Трајковска поканата да сведочи ѝ била оставена на врата, бидејќи не била дома. За неа судот ќе бара дополнителни податоци за адреса, татково име и друго.

Во овој предмет на СЈО, првообвинет е ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и шестмина алфи на чело со Ивица Анчевски-Пуки, за нечовечко постапување и изживување на Љубе Бошкоски во акцијата „Кампања“.