Хроника

Кај Марков Манастир голем пожар

Кај Марков Манастир голем пожар

Шумски пожар со голема брзина потпомогнат од ветрот синоќа избувна во регионот помеѓу скопските села Варвара и Марков Манастир, пренесува порталот Судство.мк.

Пожарот е пријавен од локалните жители и се чека да интервенира противпожарната служба.

Огнената линија се шири долж планината кон блиските села.