Хроника 06. август 2019. / 10:50

Кабел од бандера се скинал и запали куќа во Визбегово

Кабел од бандера се скинал и запали куќа во Визбегово

Кабел од бандера се скинал и паднал врз покрив од куќа во скопското село Визбегово. Кабелот предизвикал пожар во кој биле опожарени кровната конструкција и вториот кат од куќата.

Случајот во полиција го пријавил сопственикот. Повредени лица нема, а скопските пожарникари успеале да го изгаснат огнот.