Хроника 21. мај 2018. / 10:38

„Југо” удри во столб во Скопје – тројца повредени

„Југо” удри во столб во Скопје – тројца повредени

Вчера околу 14,30 часот во Скопје, на крстосницата од улица „Волковска”, улица „1″ и улица „2″ во село Ново Село, В.Д. (31) од село Чардаклија, штипско, управувајќи патничко моторно возило „Југо” со скопски регистерски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во столб, информира МВР.

Возачот В.Д. се здобил со повреди, по што со возило на Итната медицинска помош е пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза” каде му се констатирани тешки телесни повреди. Неговите сопатници Р.К.(19) и С.К.(18), двајцата од Скопје, се здобиле со телесни повреди, кои им се констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември”-Скопје. Извршен е увид на местото на настанот, соопшти МВР.