Во Кривичниот суд, на судското рочиште за случајот “Титаник”, во кој обвинетите се гонат за изборни манипулации во 2011 и 2013 година, се слушаат бомби.
Во еден од разговорите, на пет дена од локалните избори во 2013 година меѓу Миле Јанакиески и соговорничка, директорка на дом за деца без родители, зборуваат за претстојните избори, при што директорката му реферира на Јанакиески дека децата ќе гласаат за Груевски.
Иронично е што во нашиот правен систем лобирањето е забрането, а полнење на гласачки кутии е очигледно дозволено. Бидејќи обвинителството не отвара постапка за последниот референдум на кој беа детектирани стотици примери на полнење гласачки кутии.
„ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе поднесе кривична пријава до ОЈО против повеќе од 200 лица кои извршувале функција на претседатели, заменици-претседатели, членови и заменици-членови на избирачки одбори на избирачките места Струга, Центар-Жупа, Кичево, Желино, Боговиње, Пласница и Сарај. Покрај овие лица, пријави ќе бидат поднесени и за службени лица од МВР, кои несовесно ја извршувале должноста за која биле овластени пред, на денот на референдумот и по него. На сите лица им се ставаат на товар шест кривични дела, кажа вчера потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.