Хроника 15. декември 2018. / 10:44

Ја запалил скарата, па избувнал пожар во угостителски објект

Ја запалил скарата, па избувнал пожар во угостителски објект
Вчера во 09,10 часот С.А. (21) од Скопје пријавил дека избувнал пожар неколку минути откако ја распалил скарата во угостителски објект лоциран на улица “Бранко Заревски” во Скопје, сопственост на неговиот татко.
Во пожарот, опожарен е оџакот и дел од кровната конструкција од објектот.
Пожарот е локализиран и изгаснат од страна на Противпожарна екипа Драчево во 09,30 часот, повредени лица нема.