Хроника 19. јули 2018. / 14:50

Измамен дедо на скопските Клиники – му ги земале сите пари

Измамен дедо на скопските Клиники – му ги земале сите пари

Вчера во Полициската станица Центар, 86- годишниот В.Р од Скопје пријавил дека на 13.07.2018 година околу 11,00 часот во Комплексот клиники “Мајка Тереза” од страна на непознато лице му била извршена измама при што бил оштетен за 18.000 денари.

„ Имено, сторителот откако дознал за што бил дојден пријавителот на клиниката, му кажал дека ќе треба да направи снимка на магнетна резонанца на Клиниката за радиологија и дека за истото било потребно да му даде 4.000 денари. Бидејќи оштетениот ја немал бараната сума во него отишле до банкомат каде сторителот со картичка на пријавителот извадил одредена сума, ги зел парите и му ја вратил картичката на оштетениот“ се вели во соопштение од полиција.

Откако се вратиле на Клиниката за радиологија сторителот му рекол на В.Р. да го чека, по што заминал и не се вратил.

Вчера пријавителот извадил извештај од банка и забележал дека на 13 јули од кредитната картичка во два наврати се подигнати вкупно 18.000 денари.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.