Хроника 04. јули 2019. / 17:48

Измамата не успеала: Фатен со фалсификувани банкноти

Измамата не успеала: Фатен со фалсификувани банкноти

Вчера околу 10.40 часот во Полициската станица во Пробиштип, вработен во маркет пријавил дека непознат сторител платил артикли во маркетот со банкнота која била фалсификувана.

По преземени мерки, во врска со настанот, во Полициската станица Пробиштип бил приведен С.Т.(56) од Свети Николе.

Кај него биле пронајдени и одземени две банкноти кои подоцна биле дадени на вештачење. Полицијата работи на расчистување на случајот.