Хроника 28. февруари 2019. / 16:08

Измама со германски визи во Тетово

Измама со германски визи во Тетово

Б.Ѓ.(37) од Тетово во полиција пријавил дека бил измамен од А.А.(36) од Тетово.

Според пријавеното, А.А. нему и на негов колега им ветила дека за четири недели ќе им обезбедела работни визи за Германија. За завршување на ветеното тие и ги дале патните исправи и по 270 евра, но потоа повеќе не им се јавувала и се посомневале дека биле измамени.

Се преземат мерки за целосно расчистување на случајот.