Хроника 17. февруари 2019. / 10:44

Излетал од патот и удрил во дрвја – скопјанец итно пренесен во болница

Излетал од патот и удрил во дрвја – скопјанец итно пренесен во болница

Вчера во 04,40 часот на автопатот Куманово – Скопје, Д.В.(37) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во дрвја и столб.

Со тешки телесни повреди се здобил Д.В. кој е пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.