Хроника 12. јануари 2019. / 22:18

Излетал од патот и удрил во четири паркирани возила, возачот тешко повреден

Излетал од патот и удрил во четири паркирани возила, возачот тешко повреден

Синоќа околу 3 часот по полноќ на улицата Миро Барага во Пробиштип патничко моторно возило „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки излетало од патот и удирило во четири паркирани возила, инфомираат од полицијата.

Како што посочија од МВР возилото било управувано од К.А. на возраст од 29 години од Пробиштип.

-Возилото излетало од патот, притоа удирајќи во четири паркирани возила: три возила „Голф“ и едно возило „Опел Корса“. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од полициската станица Пробиштип и се работи на целосно расчистување на случајот, се вели во соопштението од полицијата.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Јавната здравствена установа во Пробиштип, а потоа и во Клиничката болница во Штип за укажување на лекарска помош.