Хроника 14. февруари 2021. / 12:39

Излета возило од патот Гостивар – Кичево, има починат и тешко повредени

Излета возило од патот Гостивар – Кичево, има починат и тешко повредени

Синоќа во 00.10 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на Новоселски мост, патничко возило „бмв“, со швајцарски национални ознаки, управувано од М.С. (54) од Кичево, излетало од коловозот, соопштија од МВР.

Во несреќата, М.С. починал на самото место, смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а сопатниците Н.С.(52) и Ќ.А.(52), исто така од Кичево се здобиле со повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“.

На местото на незгодата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

По наредба на Јавен обвинител телото на М.С. е предадено за обдукција.