Интензивните врнежи од дожд ноќеска предизвикаа нагло зголемување на водостоите на неколку реки во Тетовско,кои се излеаа од нивните корита и поплавија патишта и куќи. Според првичните информации, неколку села во општините Теарце и Јегуновце ноќеска се поплавени поради излевањето на речните води.
Излевањето на Габровска Река е причина за поплавување и наноси од земја, кал и дрвја на регионалниот пат Тетово – Јажинце помеѓу селата Доброште и Одри.
Тетово – Јажинце e непрооден помеѓу Доброште и Одри поради излевање на речната вода. Се работи на отстранување на наносите од земја, кал и дрвја, објави Исен Асани, градоначалник на Општина Теарце на својот фејсбук-профил.
Мештаните од Доброште информираат дека поради поплавите оштетен е и асфалтот на коловозната лента на регионалниот пат Тетово – Јажинце. Жители на Јегуновце информираат дека во нивното село има поплавени куќи. ас/са/