На булеварот „Видое Смилевски Бато”, вчера околу 18:30 часот, 28-годишниот К.Н. од Скопје управувајќи мопед „Гланц” со скопски регистарски изгубил контрола и паднал на коловозот.
Од незгодата со повреди се тој како и неговиот сопатник, 27-годишнио И.М. од Скопје.
На повредените им е укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св. Наум Охридски”, каде на К.Н. му се констатирани телесни повреди, додека на И.М. се здобил со тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување.