Маж од Кичево управувајќи автомобил, излетал од патот кај с.Бигор Доленци, а во незгодата се здобил со тешки повреди по што бил пренсен во болница.
На 29.08.2020 во 14,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кичево Македонски Брод кај с.Бигор Доленци патничко моторно возило “фолксфаген голф“ со кичевски регистарски ознаки управувано од С.Н.(60) од Кичево излетало надвор од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево“ соопштува полицијата.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.