Хроника 24. јуни 2018. / 18:47

Изгоре свињарска фарма

Изгоре свињарска фарма

Пожар избувнал во свињарска фарма во Брвеница. Според полицијата, вчера околу 18 часот во селото Брвеница-Тетово, во свињарска фарма сопственост на Д.Ј (29) настанал пожар, кој ја зафатил дрвената конструкција од фармата.

Причина за пожарот е дефект на агрегат за производство на електрична енергија. Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна екипа од Тетово.