Хроника 28. јуни 2019. / 18:51

Изгоре поранешната позната сендвичара „Кинг Бургер“ во центарот на Скопје

Изгоре поранешната позната сендвичара „Кинг Бургер“ во центарот на Скопје

Пожар зафати напуштен објект во центарот на Скопје, на улица „Максим Горки“, спроти Соборниот храм. Интервенираше противпожарната служба со 13 пожарникари и неколку возила известува 1ТВ.

Се работи за објектот на поранешната позната сендвичара „Кинг бургер“, за кој минативе години скопската чаршија кружат муабети дека е предмет на нерасчистени сопственички односи.

По брзата интррвенција на против пожарните служби, спречено е понатамошно ширење кое би ги зафатило и околните куќи згради, а при акцијата немаше повредени. Како што соопштуваат, допрва ќе се утврдуваат причините за избувнување на пожарот. Снимката до 1ТВ ја достави нивен гледач на местото на инцидентот.