Хроника 15. March 2019. / 13:23

Изгоре барака во кичевско

Изгоре барака во кичевско

Во кичевското село Другово, синоќа околу 22 часот, се случил пожар во барака, сопственост на Ј.С. (58) од Кичево.

Пожарот е предизвикан поради палење на оџакот од бараката што се проширил на кровната конструкција. Неговото натамошно ширење е запрено со интервенција на противпожарната единица од Кичево.

Настанатата штета од овој пожар ќе се утврди дополнително информираат од СВР -Охрид.