Хроника 21. декември 2018. / 14:43

Изгоре автомобил во кумановско – кога се приближиле пожарникарите експлодирала и боца

Изгоре автомобил во кумановско – кога се приближиле пожарникарите експлодирала и боца

Автомобил „пежи 306“ целосно изгоре во кумановското село Романовце.

Од Територијалната противпожарна единица, потврдија дека учествувале во гаснењето на пожарот на автомобилот. Оттаму информираа дека кај нив дојавата стигнала петнаесетина минути пред полноќ.

Во моментот кога пожарникарите се приближиле експлодирала плинска боца. Пожарникарите само успеале да го локализираат пожарот на автомобилот кој целосно изгорел.

Од СВР Куманово, потврдија дека кај нив случајот е пријавен како пожар.