Хроника 02. јануари 2019. / 11:26

Изгоре автомобил во Центар

Изгоре автомобил во Центар

Синоќа автомобил гореше во центарот на Скопје.

Според информациите од Противпожарната бригада, возилото се запалило после 23 часот на ул. „Никола Тесла“ бб.

Пожарот бил гаснет околу еден час од страна на тројца пожарникари.

Во пожарот нема повредени, а штетата допрва ќе се утврдува.