Хроника 02. мај 2019. / 14:03

Изгаснат целосно пожарот кај кичевско

Изгаснат целосно пожарот кај кичевско

Со брза интервеција на ТППЕ-Кичево целосно е изгаснат пожарот што синоќа го зафати кичевското село Жубрино.

Пожарот, вчера околу 20 часот, бил забележан над резервоарот за вода во село Жубрино.

-Опожарена е околу 100 метри квадратни површина со сува трева, трска и ниско стеблеста шума. Пожарот е локализиран, а потоа и целосно изгаснат од Територијалната противпожарна единица од Кичево, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР-Охрид. /МИА.