По наредба на јавен обвинител издадени се наредби за вештачење на оружјето, возилото и трагите најдени на местото каде синоќа во Тетово имаше вооружена престрелка во која се повредени три лица.
На сите инволвирани во инцидентот ќе им бидат земени парафински ракавици заради проверка на присуството на барутни честички, а ќе се проверува и присуството на алкохол во крвта.
Мотивот за престрелката ќе се утврдува.
Во инцидентот кој се случи на улицата „29 Ноември“ во 2:20 часот се повредени три лица. Тие поради сериозноста на повредите се пренесени на скопските клиники.
Двајца се со прострелни рани во абдоменот, а едниот поради тешките повреди на главата се наоѓа во кома центарот на Клиниката за неврохиругија.