Хроника 20. август 2020. / 09:14

Избувна пожар во цистерна за бетон во Скопје

Избувна пожар во цистерна за бетон во Скопје
архива

МВР информира дека во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Никола Карев“ настанал пожар во товарно возило – цистерна за бетон, со косовски регистарски ознаки, која во моментот била празна.

Пожарот бил изгаснат од возачот Б.А.(40) од Косово. Се работи на расчистување на случајот, велат од полицијата.