Хроника 30. август 2019. / 15:44

Избувна пожар кај винаријата Сопот

Избувна пожар кај винаријата Сопот

Никако не мируваат пожарите во близина на Велес, откако попладнево избувна нов пожар, овојпат во близина на винаријата Сопот, пишува Фокус.

Запалено е стрниште попладнево кое се шири од кај патарината Сопот, десно кон винаријата. Противпожарна единица е излезена на терен и пожарот ќе биде локализиран, ни изјави портапорот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во неделата вечерта изгоре огромна површина на шума околу Велешкото езеро, а пожарот го предизвикале работници.