Хроника 15. април 2019. / 16:15

Избодено 19-годишно момче во Шутка

Избодено 19-годишно момче во Шутка

На 14.04.2019 година во 22.55 часот било пријавено дека К.М.(19) од Скопје во дворот на ОУ„26-ти Јули“ во населба Шуто Оризари-Скопје бил физички нападнат од две лица, кои му нанеле и убодна рана со остар предмет.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.