Никола Војминовски првостепено осуден на затворска казна од 13 години и 6 месеци за обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април 2017 година во Собранието, не бил пронајден дома по рутинска контрола на полицијата, објави МКД.мк.
Информацијата ја потврдија од Кривичниот суд наведувајќи дека по него е распишана и меѓународна потерница.
-Надлежната полициска станица која врши надзор над спроведувањето на мерката куќен притвор, го извести судот дека обвинетиот не се придружувал до определената мерка. По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница – наведуваат од судот.
Никола Војминовски се наоѓаше во куќен притвор до правосилност на пресудата.