Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници, а на повредените им посака побрзо закрепнување.
– Со длабоко жалење и тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово, што се случи попладнево.
Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив. На повредените им посакувам што побрзо закрепнување. – стои во соопштението на Претседателот Иванов.