Хроника 15. февруари 2019. / 12:28

Истрагата во тек: Познати неколку детали во врска со ужасната несреќа

Истрагата во тек: Познати неколку детали во врска со ужасната несреќа

Нема утврдено техничка неисправност на автобусот што пред два дена излета од патот кај Карпалак од досегашното вештачење.

Алсат дознава дека истрагата се води во два правци. Едниот утврдува објективни причини за несреќата, како на пример дали можеби возачот ја загубил контролата над автобусот во обид да избегне судир со друго возило или пак, возел со неприлагодена брзина.

Утврдено е дека непосредно пред несреќата автобусот се движел со брзина од 80-85 километри на час.