Хроника 03. јануари 2021. / 11:21

Истокот мобилизиран: Пожарот во „Глобал“ го гаснеле 60 пожарникари со 18 возила

Истокот мобилизиран: Пожарот во „Глобал“ го гаснеле 60 пожарникари со 18 возила

Пожарот во струмичиот шопинг-центар „Глобал“ избувна синоќа во 23:12 минути го гаснеа 38 пожарникари спасители и 6 ПП возила на ТППЕ Струмица.

Помош била побарана и од радовишката единица која учествувала со 3 ПП возила и 6 пожарникари спасители, ТППЕ Кавадарци со 3 ПП возила и 8 пожарникари спасители, ТППЕ Валандово со 3 ПП возила и 4 пожарникари спасители, ТППЕ Штип со 1 ПП возило и 5 пожарникари спасители и ЈПКД Комуналец со 2 возила цистерни за дотур на вода.

ТППЕ Струмица информираше дека гаснењето на пожарот се одвивал од три влеза и тоа од ул.Ленинова, ул.4 Јули и ул.Васил Сурчев.

Пожарот бил ликвидиран во 03.50 минути, а дежурна екипа била оставена заради догасување на одредени жаришта во приземниот дел