Во тој момент еден од полициските службеници го извадил службениот пиштол и им наредил на лицата да отстапат, по што сите тројца побегнале во различни правци.
Вчера околу 18 часот полициски службеници во с.Осинчани затекнале возило „форд“-караван со кумановски таблици, кое било натоварено со необележано огревно дрво, а го управувало непознато лице кое побегнало, информира МВР.
Набргу потоа, на местото дошле три непознати лица во возило „БМВ“ без регистарски ознаки и се обиделе да го земат возилото „Форд“.
Едно од лицата со бензин го испрскал службеното возило „шкода октавија“, по што и самиот се полеал со бензин. Во тој момент еден од полициските службеници го извадил службениот пиштол и им наредил на лицата да отстапат, по што сите тројца побегнале во различни правци. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Драчево.