Хроника 15. јуни 2018. / 14:07

Исчезнале малолетничка со нејзиното 6 месечно бебе

Вчера во 13.40 часот, мајка пријавила во Полициска станица Виница дека нејзината малолетна ќерка се оддалечила во непознат правец.

Како што информира МВР, Б.Ѓ.(55) од Виница, мајка на С.Х.(17), пријавила дека пред два дена околу 8 часот, нејзината малолетна ќерка заедно со нејзиното шестмесечно бебе, се оддалечила во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.