Хроника 28. август 2018. / 11:56

Исчезнаа две лица- едното од Кочани, другото од Тетово, ги нема една недела

Исчезнаа две лица- едното од Кочани, другото од Тетово, ги нема една недела

Во Полициската станица Кочани, вчера во 7:40 часот К.Т.(37) пријавил дека од 20 август 2018 година од домот во непознат правец се оддалечила неговата сестра Л.Т.(38). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во Секторот за внатрешни работи Тетово, А.М.(41) пријавил дека на 20 август од „Прима-Центар“ во Тетово се оддалечила неговата сопруга С.Џ.(24). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.