Хроника 11. септември 2019. / 17:05

Исчезна 19- годишна девојка од Скопје

Исчезна 19- годишна девојка од Скопје

Деветнаесетгодишна девојка избегала од дома вчеравечер, поради семејна расправија, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

На 10.09.2019 во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, В.Т.(49) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Г.Т.(19). Според пријавеното, причина за оддалечувањето најверојатно е семејна расправија. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР.