Хроника 27. јули 2018. / 19:54

Интерпол трага по третоосомничниот за убиството на Саздовски

Интерпол трага по третоосомничниот за убиството на Саздовски

Од денеска Интерпол трага по 19-годишниот Јетон Љужа кој е третоосомничен за убиство на Никола Саздовски – Саздо, кој брутално беше претепан во Автокоманда, а по десет дена кома, Саздо им подлегна на повредите во болница, објави ТВ24.

Обвинителството делото првично оквалификувано за насилство го премине во убиство на свиреп начин.

Од денеска Љужа е ставен во делот потраги на сајтот на МВР. Тоа значи дека по 10 дена конечно е распишана потерница.