Инспектори на Државниот здравствен и санитарен инспекторат денеска влегоа во битолската болница откако во полиција пријавено беше дека невработена жена извршила операција со царски рез во оваа болница.
Министерот за здравство Венко Филипче предмалку на прес-конференција изјави дека ќе ги почека резултатите од оваа инспекција и ќе одлучи какви мерки ќе преземе.
Директорката на битолската болница доктор Билјана Гагачовска за „Слободен печат“ потврди дека на одделението за гинекологија пријавено било невработено лице како изведува медицинска операција врз пациент.
Таа рече дека цел медицински персонал што бил присутен дента се соочува со покрената дисциплинска постапка.
Породувањето со царски рез било изведено од страна на сопругата на еден од битолските гинеколози кој заедно со колегата присуствувал во операционата сала, но целиот зафат бил изведен од докторка која воопшто не работела во оваа здравствена установа во Битола.