Хроника 13. септември 2019. / 15:54

Инцидент во ОУ Лазо Ангеловски во Ново Лисиче – полициските службеници се уште се на местото

Инцидент во ОУ Лазо Ангеловски во Ново Лисиче – полициските службеници се уште се на местото

Инцидент се случил денеска во ОУ Лазо Ангеловски во скопската населба Ново Лисиче, а како што сведочат жителите на околните згради, имало полициско присутсво во дворот на училиштето.

Од МВР за „Република“ информираат дека имало пријава во 14.50 часот за нарушен ред и мир и физички напад во училиште во Ново Лисиче и додаваат дека полициските службеници се уште се на местото на настанот. Повеќе информации за случајот очекуваме подоцна.