Хроника 30. јули 2019. / 15:58

Инцидент на Ќафасан: Откако го фатиле со бела материја, ја проголтал и завршил во болница

Инцидент на Ќафасан: Откако го фатиле со бела материја, ја проголтал и завршил во болница

Синоќа околу 22 часот на ГП – Ќафасан на влез во Република Македонија, при контрола на патничко моторно возило „Пежо“ со албански регистарски ознаки, управувано од албанскиот државјанин A.H. (45), а сопатници во возилото биле A.А. (24) и Л.К. (29), од царински службеници извршен е преглед на возилото и во футрола за наочари пронајдена е бела материја, пo што во просториите на царина на ГП – Ќафасан А.Н. ја земал и ја проголтал.

Лицето е префрлено во Медицинскиот центар во Струга, каде му е укажана лекарска помош.

Се превземаат мерки за расчистување на случајот.kokain