Специјалецот Игор Спасов во петокот, кога му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна, не се појавил во затворот во Идризово, ниту пак е испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство, потврди за МКД.мк директорот Боби Мојсовски.
Првиот човек на најголемиот затвор во државава вели дека уште во понеделникот се обратиле до судот во Штип и до Управата за извршување на сакнции и ги известиле дека осудениот Спасов не се појавил во затвор на 18 октомври кога му завршувал рокот за оправданиот прекин.
–Испратено е известување до судот во Штип дека Игор Спасов не се појавил во затвор. Од судот до сега редовно ни беше испраќано известување за прекин на издржување на затворската казна кој завршуваше на 18 октомври, во петокот“, изјави директорот Мојсовски за МКД.мк.
До денес од Основниот суд во Штип до затворот во Идризово нема испратено никакво известување, иако за сите досегашни прекини на издржување на затворската казна затворот уредно беше известуван од судот.
Редакцијата на МКД.мк се обидела да добие одговор од Основниот суд во Штип, но на фиксните телефони никој не ни одговори.
–Испративме и имејл на кој чекаме да ни биде одговорено во врска со прекинот на осудениот Игор Спасов и зошто нема известување од судот, на кој доколку добиеме одговор, дополнително ќе биде објавен – објаснуваат од редакцијата на МКД.мк.
Дали се работи за административна грешка, или се работи се нешто друго, чекаме одговор, додаваат од таму.
Во случај институциите да не знаат каде е Игор Спасов, судот ќе треба да ги алармира во МВР и ќе биде распишата потерница, а затворот ќе го води Спасов како осуденик во бегство.
Но, одговорот треба да го дадат од судот. За сега, според официјални информации нема испратено никако известување ниту до МВР во врска со осудениот.
Откако на 18 август годинава му истече прекинот на издржување на затворската казна, Спасов повторно со поднесена медицинска документација доби нов прекин кој траеше до петокот.
Поранешниот специјалец Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешковски.
Тој до 18 август годинава една година е на слобода, наместо во затворот во Идризово.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.