Хроника 27. ноември 2018. / 15:41

И се заканувал на девојка со интимни фотографии ако не почне љубовна врска со него

И се заканувал на девојка со интимни фотографии ако не почне љубовна врска со него

Жител на струшкото село Лабуништа ѝ се заканувал на девојка дека ќе објави компромитирачки фотографии од неа ако не почне љубовна врска со него.

Според информациите на МВР, против А.Н.(33) од село Лабуништа, е поднесена кривична пријава за уцена.

-Во текот на годинава, пријавениот во повеќе наврати ѝ се заканувал на девојка од село во струшко, дека доколку не прифати да биде во љубовна врска со него, ќе објавел фотографии од неа со компромитирачка содржина, велат од полицијата.