Хроника 31. јули 2019. / 16:22

И Кичеец заврши во болница

И Кичеец заврши во болница

По Боки 13-ка и Зоки Кичеец ги посети хируршките клиники, пренесува „Телма“.

Телма дознава дека попладнево Зоран Милевски од затворот во Шутка бил спроведен на клиниката за дигестивна хирургија.

Извори на Телма од Кривичен потврдија дека на барање на затворскиот доктор бил одобрен преглед на Милевски но не откриваат какви здравствени проблеми има осомничениот од аферата Рекет ниту на која клиника е однесен.

Пред два дена и првооосмничениот во Рекет Боки 13 беше спроведен на скопските клиники на испитувања кои биле потребни по претходно закажан оперативен зафат и попладнето беше вратен во Шутка.

Според неофицијалните информации Бојан Јовановски претходно имал закажано зафат во приватна болница, но самиот барал да се префрли на државно затоа што таа болница е поврзана со сведокот од случајот Рекет.

Јовановски и Милевски се уште не го посетиле обивнителството. Тие најверојатно ке бидат испрашувани на крај кога обвнителството ќе ги собере сите материјални докази и сведочења.