Хроника 18. февруари 2019. / 18:00

Хорор ја згрози Македонија: Силувано 21-годишно момче

Хорор ја згрози Македонија: Силувано 21-годишно момче

Според информацијата од СВР Велес, вчеравечер  во 18:00 часот, 21-годишно момче од неготинско село пријавило  дека на 16-ти февруари  околу 01:30 часот пред наплатната станица „Градско“ непознат сторител го присилил на  полов однос.

Како што информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, по наредба на Јавен обвинител момчето е упатено на медицински преглед.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.