Хроника 19. март 2019. / 11:57

Го криел под седиште – хероин пронајден во струшки автобус

Го криел под седиште – хероин пронајден во струшки автобус

Мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи минатата недела спречија обид за криумчарење на околу еден килограм хероин.

На 13.03.2019 година околу 13.30 часот, на граничниот премин Табановце автопат за излез од државата се пријавил швајцарски автобус кој сообраќал на релација Струга – Берн. При контрола на автобусот, кај последниот ред седишта, под седиштето до прозорот, била пронајдена кеса со две пресувани пакувања со по околу 500 грама хероин- информираат од Царинската управа.

Хероинот е предаден на Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.