Хроника 01. јануари 2019. / 12:22

Хаос во Охрид за новогодишната ноќ – седум лица учествувале во тепачка

Хаос во Охрид за новогодишната ноќ – седум лица учествувале во тепачка

Во Охрид е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир за време на новогодишната ноќ.

Утринава околу 4:30 часот полицијата реагирала пред едно казино на улицата „Партизанска“ кога се случила тепачка во која учествувале седум лица.

Во тепачката две лица се здобиле со повреди, и им била укажана лекарска помош.

Учесниците се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.