Хроника 09. септември 2019. / 09:40

Хаос на скопските улици: Полицијата издаде 45 прекршочни пријави

Хаос на скопските улици: Полицијата издаде 45 прекршочни пријави

Вчера од 6 до 24 часот скопската полиција спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје.

Санкционирани се 33 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај продолжи со акцијата за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје и притоа санкционирани се 47 возачи. Откриени се и 42 останати прекршоци.