Хроника 27. септември 2019. / 13:40

Грк уапсен на Табановце, фалсификувал сериски број на возило

Грк уапсен на Табановце, фалсификувал сериски број на возило

Вчера претпладне на Граничен премин „Табановце“ од слобода бил лишен П.С. (23) од Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување“ на сериски број на патничко возило „јагуар“.

П.С. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.