Хроника 01. април 2019. / 22:16

Граѓаните бараат помош: Гори планината кај село Петралица

Граѓаните бараат помош: Гори планината кај село Петралица

Гори планината кај село Петралица, граѓаните споделуваат фотографии на социјалните мрежи и бараат помош од надлежните за справување со огнената стихија.

Во село Петралица гори планината!!! Апел до сите граѓани на Крива Паланка и општина Ранковце кои се во можност да помогнат да го изгасиме пожарот. Пожарна е на терен, добро ќе дојде помош и од граѓаните. Ве молам споделувајте, се вели во апелот објавен на Фејсбук.